FC Pelister Bitola
🟢🎙 Димитар Капинковски
,,Многу нешта се сменија, имаме нова управа, нов тренер, а заминаа осум играчи од ланскиот состав. Ова се големи промени, а ние тековно се екипиравме и се обидовме да составиме еден балансиран тим. Преодниот рок истекува во септември, но јас сепак верувам дека ростерот е солидно пополнет и нема да има потреба да реагираме со уште ангажмани. Сакаме да се претставиме во најдобро светло, а во моментов имаме само еден повреден играч, Јове Трајковски, кој ќе мора да ја паузира целата полусезона поради скинати лигаменти. Ова е најголемо македонско дерби и претставува предизвик за сите играчи, па и за тренерите. Од наша страна, почитта за успесите и резултатите на Вардар е максимална, но наше е да го дадеме максимумот и да пробаме да извлечеме позитивен резултат."
🎙⚪️ Мирко Ивановски:
,,Факт е дека сме во фаза на оформување на тимот, имаме шест нови играчи, а до нив е да докажат дека се вистински засилувања. Имаме добра атмосфера, постои одредена хемија, но очекувам од коло во коло да стануваме подобри и веќе до првата репрезентативна пауза да бидеме комплетни во меѓусебното запознавање. Добро е што ова дерби се случува на стартот, ќе беше поинаку ако околностите и позицијата на табелата влиајеа на некој од тимовите, вака атмосферата ќе биде како да играме финале во Купот, каде што никој нема право на грешка и сите го сонуваат успехот."
